Николовски: За само 2.5 години имаме нови 54.000 вработени и рекорден пад на невработеноста на 17,1 отсто

На гостувањето во емисијата на ТВ Телма Топ Тема , генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски истакна дека за само 2.5 години, преку водењето  на успешните економски политики се отворија нови, 54.000 работни места, од кои повеќе од 40.000 во реалниот сектор.

Николовски посочи дека имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто иако за 2019, почетната проекција за невработеноста беше 20,1 отсто, но мерките кои ги презеде Владата резултираа со уште пониска стапка на невработеност која изнесува 17,5 отсто веќе во втор квартал од 2019.

Тој истакна дека очекувањата за 2020 се уште побрзо да опаѓа стапката на невработеност, и да се симне на нов историски минимум, можеби и пониско од 16 отсто и уште позначајно, раст на процентот на вработеност до 48%. Тоа ни го најавува и процентот на вработеност во вториот квартал за оваа година, и тој изнесува 47,1 отсто, заклучи Николовски.

Според него, денес фактите и податоците покажуваат дека на секој начин се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

-Уште на почетокот ја покажавме заложбата за враќање повеќе пари кај граѓаните. Ја укинавме радиодифузната такса намалена е цената за парното, намалени се трошоците за нотари и извршители, казните ги преполовивме. Го решивме проблемот на стечајците, денес 12.000 стечајци добиваат месечен додаток од 8.200 денари, преку Младинската гаранција опфатеи беа 18.000 млади. Денес, 27.000 семејства добиваат зголемена социјална помош, а над 4.000 граѓани добиваат социјална пензија. Сето тоа се мерки што се во интерес на граѓаните за кои имаме полно право да зборуваме, истакна Николовски.

Тоа е можно, додаде Николовски затоа што веќе не се трошат пари на непродуктивни трошоци, министрите не ги злоупотребуваат служебните картички, како министрите на ВМРО-ДПМНЕ, нашиот однос е чесен.

Треба да знаете
Последни објави