Николовски: Оваа генерација политичари имаа храброст да донесат храбри одлуки и реализираат политики на само пола мандат

Оваа влада ја извади  државата од граѓанска војна која можеше да ни се случи на 27 ми април и тоа никогаш не смее да се заборави, да не се заборави што правеше опозицијата 11 години. Денес имаме слобода, демократијата, денес сме  светол пример, донесовме историски одлуки и ја отворивме иднината на идните генерации, истакна генералниот секретар на СДСМ,Љупчо Николовски на  гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.

-Оваа генерација политичари имаа храброст да  истапат, да донесат храбри одлуки, да нашето знаме денес  се вее пред НАТО со најсилните и најмоќните демократски држави и да бидеме горди да на исполнувањето на стратешките перспективи  кои се многу важни за иднината на нашата држава, пред се за младите, посочи Николовски.

Тој истакна дека на само пола мандат СДСМ има огромна реализација на планираните приоритети , планови, мерки политики и никој нема да  ги спречи во борбата во судството, на прочистувањето на судските редови.

-Граѓаните со право се незадоволни од случувањата во судството, каде има се уште има остатоци од режимот и груевизмот, од контролата врз судството од разни моќници, незадоволна е и мојата генерација и тоа со право. Денес веќе не живееме во режим кога некои мислеа дека е нормално владејачката партија треба да има целосна контрола врз судството, медиуми, граѓанскиот сектор. Доколку како извршна власт посегнавме по инструменти кои не се во согласност со демократските принципи, сигурен сум дека ќе се вратевме назад во режим. Денес сме пред членство во НАТО и пред отворање на поглавјата со ЕУ. Но правиме се за да се спроведе целосно прочистување на судството и обвинителството и тоа никој нема да го спречи, истакна Николовски.
Треба да знаете
Последни објави