Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, денеска се прераспоредени во Единицата за јавен ред и мир со седиште во касарната „Ѓорче Петров“, со што практично „алфите“ престанаа да постојат, објави „Денешен“.
Според неофицијални информации, новите задачи доскорешните специјалци ќе почнат да ја обавуваат од среда.
Од МВР засега не је потврдуваат информацијата.
„Алфите“ беа формирани во 2005 година и беа посебна интервентна полициска единица под надлежност на министерството чија основна намена беше борбата против уличниот криминал.
Од 2014 година „Алфа“ е во рамките на Секторот за внатрешни работии Скопје и беше оперативна само во Скопје.