Фудбалскиот натпревар помеѓу Јанг Африканс и Иринга јунајтед во Танзанија, на „Ухур“ стадионот беше прекината во 52 минута откако рој пчели се најдоа на стадионот и ги загрозија играчите и публиката.
Некои од играчите побегнаа од теренот и побараа спас во соблекувалните, други веднаш легнаа на теренот и не мрдаа, а публиката ги напушташе трибините. Пчелите прво се задржаа на теренот, а потоа се преселија на трибините и го напуштија стадионот, по што мечот беше продолжен.
Прекинот траеше осум минути. По натпреаврот некои од играчите се пожалија на повеќе убоди, но за нивна среќа без посериозни последици.



