Русија најави „реципроцитет” на американските санкции

Руската Влада објави дека ќе возврати на санкциите на САД најавени за сите што работат на новиот гасовод Северен поток 2, што беше прекинато во саботата. Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека наредил Владата да ги разгледа „можните ограничувања” што би им биле наметнати на САД како одговор на санкциите.

Минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се предвидуваат санкции против поединци и компании вклучени во гасоводот од Германија до Русија под Балтичкото Море.

Како резултат на тоа, швајцарска компанија чии бродови работат на гасоводот ја прекина работата во саботата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека Москва ќе преземе мерки за „реципроцитет” во врска со санкциите на САД, што Русија ги смета за неприфатливи.

– Како и кога тоа ќе се случи останува прашање за националните интереси на Русија, изјави Песков, додавајќи дека Кремљ, сепак, се надева дека Северен поток 2 ќе биде завршен.

Треба да знаете
Последни објави