Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски доцна попладнево се одржува втората седница на Советот за безбедност, на којашто на две одделни сесии ќе се расправа за тековни прашања поврзани со безбедноста и одбраната на државата, како и за проблемот со аерозагадувањето.
На првиот дел од седницата за прашања поврзани со безбедноста и одбраната, покрај членовите на советот, присуствуваат и директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на Агенција за разузнавање, Еролд Муслиу, и на Оперативно-техничката агенција Зоран Ангеловски, како и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата.
Како што најави претходно Кабинетот на Претседателот, на дебатата за аерозагадувањето ќе учествуваат и тројца претставници на здружените граѓански иницијативи и организации, кои во изминатиот период одржаа средба со претседателот Пендаровски во однос на заштитата на животната средина. Тие тогаш преку писмо дадоа предлози и иницијативи за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено. На членовите на Советот за безбедност и на граѓанските актисти ќе им се приклучат и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, неговиот заменик Јани Макрадули, како и Фејзула Спахија, директор на Државниот инспекторат за животна средина