Станковиќ го носи Балотели во Црвена звезда !?

Новиот тренер на српскиот фудбалски шампион Црвена звезда, Дејан Станковиќ најавува звучно засимување за „црвено-белите“ во зимскиот преоден рок, а новинарите од соседството откриваат дека станува збор за „палавиот“ своевремено талентиран напаѓач Марио Балотели !?.
Актуелниот првотимец на калчолигашот Бреша, Балотели кој важи за еден од најконтроверзните фудбалери со актуелниот тренер на Црвена звезда беше соиграчи во редовите на Интер во 2010 година. Темпераментниот 29-годишен фудбалер Балотели во својата кариера настапувал за екипите на Марсеј, Ница, Ливерпул, Милан, Манчестер сити и Интер.
Често е изложуван на расистичките навреди поради што доѓа во конфликти и брзо ги менува средините. Поради недоразбирања сега сака да ја напушти и Бреша во која заработува 900.000 евра годишно.
Првиот човек на Бреше се изјаснил дека нема да му прави проблеми да замине уште во јануари, но српските медиуми преселбата на Балотели во Црвена звезда сметаат дека ќе биде пореална во летниот преоден рок кога ќе му заврши догворот со калчолигашот о ќе може да пристигне како слободен играч.

Треба да знаете
Последни објави