Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер изјави дека е среќен со неговиот настап во 2019 година, надевајќи се дека ќе освои барем еден од најголемите шест турнири оваа нова сезона. 38-годишниот Федерер имаше многу силни моменти за време на кампањата, триумфирајќи на турнирот во Мајами, како и во Дубаи, Хале и Базел.
Сепак, тој имаше и неколку тешки порази, особено во финалето на „Вимблдон” против Новак Ѓоковиќ, во кој испушти две меч топки во петтиот сет. Приоритет за Федерер во 2020 година се четирите Гренд слем турнири, финалниот АТП турнир во Лондон и Олимпијадата во Токио.
– Имав добра година, играв навистина силно, се чувствував добро физички, немав поголеми здравствени проблеми освен до одреден степен на УС Опен, но навистина не вреди да се спомене. Го победив Новак на завршниот АТП турнир, победив против Рафа на „Вимблдон”, во целост играв добар тенис, но не успеав да освојам голема титула, тоа е она што сакам да го сменам во 2020 година. Тоа е мојата цел за новата сезона, да се обидеме и да победиме на еден од најголемите пет турнири плус Олимписките игри, кои се шести, вели Федерер, цитиран од американските медиуми.
Федерер верува дека ќе има најмалку шанси за успех на терените на Ролан Гарос во Париз.
– Знам дека е секогаш потешко на Ролан Гарос. Но, сите други имам шанси. Би ми било задоволство да би можел да ги одбранам своите титули и оваа сезона. Чувството за освојување трофеи е одлично, дури и со Хопман Купот или Лејвер Купот. Многу е пријатно да се победи и да се замине како шампион, изјави Федерер.
Тој додаде дека неговата цел ќе биде да освои што е можно повеќе титули.
– Би сакал, ако можам да вклучам една од најголемите, по можност имблдон, УС Опен или Австралија, Олимпијада – кој и да е, би било прекрасно, додаде швајцарскиот Маестро.