Ѓорчев: СДСМ и Царовска го блокираат покачувањето на пензиите

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ги обвини пратениците на СДСМ и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, кои не присуствуваа на седницата на Комисијата за труд и социјална политика дека го кочат зголемувањето на пензиите.

-Утрово видовме како Мила Царовска, пратениците на СДСМ и СДСМ како партија го блокираат зголемувањето на пензиите за пензионерите. Ова утро имавме закажано Комисија за труд и социјална политика во 10 и 30 часот. Ниту еден пратеник од СДСМ не беше присутен. Дури во 11 часот една пратеничка на СДСМ дојде и кажа ајде да почнуваме со работа. Како да почнеме со работа кога немаме кворум, како да почнеме со работа кога ниту еден пратеник на СДСМ не беше присутен, како да почнеме со работа кога го блокираат зголемувањето на пензиите со доставени 200 закони во овие две недели, рече Ѓорчев.

Треба да знаете
Последни објави