На вчерашниот турнир, во рамки на Јадранската лига за девојчиња до 17 години, кој се одржа во спортската сала „Независна Македонија” кошаркарките на „Бадел 1862″ запишаа две нови победи во АБА лигата.
Баделки на двата натпревари ги надиграа гостинските екипи од Славонски Брод, Хрватска. Тие на првиот натпревар го победија тимот на ЖКК „Брод”, со резултат 87:51. Додека на вториот натпревар кошаркарките на клубот од Кисела Вода ја надиграа и екипата на „Брод на Сави”, со резултат 59:55.
На останатите два натпревари, екипата на „Струга 2009″ успеа да запише исто така две победи. Стружанки ги победија хрватките.