Британија прави нова кована пара за брегзит

Британската Влада нареди производство на нова кована пара од 50 пени по повод излегувањето на земјата од членството во ЕУ, коешто е предвидено за 31 јануари.

Министерството за финансии на Велика Британија во октомври ја стопираше изработката на монетите, бидејќи брегзит, кој беше предвиден за 31 октомври, беше одложен за крајот на јануари. Тогаш требаше да се стопат околу еден милион ковани пари.

Одлуката за повторно производство на монетите пред официјалниот брегзит е донесена по победата на Конзервативната партија на предвремените парламентарни избори. Новата кована пара, изработена од злато, сребро и комбинација на бакар и никел, ќе го носи датумот на брегзит и пораката „Мир, просперитет и пријателство со сите нации“.

Треба да знаете
Последни објави