Доставувач со помош на празна плинска боца успеа да спречи обид за грабеж на продавница на Филипините.
На снимката од надзорните камери може да се види дека воорушжениот крадец влегува во продавницата како муштерија. Во тој момент, во маркетот влегува и доставувачот на плински боци. Разбојникот почека сопственикот да остане сам, па почна да се заканува со пиштолот и да бара пари.
Во целата тензија, пиштолот пукнал, а тоа го привлече вниманието на човекот за испорака, кој тргна кон напаѓачот со празна плинска боца. Разбојникот се обиде да побегне со торбата со пари, но доставувачот излезе по него и со боцата го погоди в глава.
Крадецот починал на место поради силината на ударот, а доставувачот со боца го удри и соучесникот во грабежот кој успеал да побегне со сериозни повреди на нозете.
По него сè уште се трага и распишана е потерница од 2.000 американски долари.