(Видео) Кенгур влезе во базен за да се разлади од пожарите во Австралија

Семејство од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, викендов снимило кенгур тежок 70 килограми како се разладува во базенот во дворот бидејќи температурите надминале 42 Целзиусови степени, а коали и бодликави мравојади исто така биле забележани во близина, додека во урбаните средини бараат прибежиште од пожарите кои беснеат во Австралија.

Иако не се познати како добри пливачи, кенгурите бараат водени површини по големите жештини и пожарите кои зафатија делови на Австралија, иако најчесто во дивината, а не на приватни имоти, пренесува Ројтерс.

Агенцијата додава дека огромни популации на коали и летачки лисици се уништени во огромните пожари што го погодија континентот.

Треба да знаете
Последни објави