Во Австралија на температура од 50 степени од небото паѓаат мртви птици

Горештините во Австралија им отежнуваат на луѓето и животните да се оладат и да останат безбедни. Додека луѓето се затворени во домовите со климатизери, на животните им е многу потешко да најдат безбедно засолниште. Така, птиците, исцрпени од топлина, паѓале мртви од небото.

Живата во термометарот се искачила блиску до 50 Целзиусови степени, а луѓето на социјалните мрежи објавувале фотографии од птици, кои буквално паѓаат од небото. Некои преживеале, но некои не.

На фотографиите се прикажани два папагала, кои не успеале да ги преживеат страшните услови.

Според луѓето што ги нашле, температурата во сенка тој ден била 48,9 степени, но тоа било доволно за да ги убие птиците.

Здружението за заштита на животните соопшти дека спасиле стотици суштества што не се снаоѓаат добро на горештина.

Треба да знаете
Последни објави