Капсулата на „Боинг“ слета во пустина во Њу Мексико затоа што не успеа да стигне до Меѓународната вселенска станица, што би можело да ги наруши напорите на компанијата да ги лансира астронаутите на НАСА следната година.
На местото на пилотот се најде кукла наречена „Rosie the Rocketeer“.
Исто така вратени се и празничните подароци, облеката и храната што тој требало да ги достави до екипажот на вселенската станица.
НАСА не е сигурна дали од „Боинг“ ќе побара уште еден пробен лет пред да ги лансира своите астронаути во првата половина на 2020 година.
Истата капсула треба да се користи за летот со екипажот.