Во пресрет на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на островот Гогланд ова лето, маринците на Балтичката флота пронајдоа и елиминираа минско поле од Втората светска војна, изјави командантот на Балтичката флота, адмиралот Александар Носатов.
Тој го изјавил тоа за весникот „Црвена звезда“ и додал дека деминерите на островот откриле и неутрализирале две десетини единици воена муниција од времето на војната, додека на морското дно екипажот на миноловецот „Александар Обухов“ открил цело минско поле од германски мини кои со помош на асистирана роботска подводна техника се уништени на самото место, пренесува порталот „Спутник“.
Путин ја погледнал колекцијата предмети што ги пронашле археолозите на бродот што потонал во североисточниот дел на островот во 19 век и се спуштил на дното на морето, каде што потонала подморницата „Шк-308 Сјомга“.