Неколку училишта и градинки, супермаркети и трговски центри, како и црквата Христос Спасител и породилиште во Москва, денеска добија закани за поставени бомби.
– Десетина училишта и градинки, како и Храмот Спасител Христос и породилиштето добија анонимни дојави за поставени бомби. Во тек е проверка на тие објекти, изјави извор од одделот за итни случаи.
Закани добија и 15 окружни судови, пет железнички станици, како и неколку супермаркети и трговски центри.
Бранот закани со бомби почнаа на 28 ноември. Оттогаш, се проверени над 5.000 објекти и евакуирани половина милион луѓе. Сите закани досега беа лажни.