(Видео) Рој пчели предизвика прекин на фудбалски натпревар во Танзанија

Фудбалскиот натпревар помеѓу Јанг Африканс и Иринга јунајтед во Танзанија, на „Ухур“ стадионот беше прекината во 52 минута откако рој пчели се најдоа на стадионот и ги загрозија играчите и публиката.

Некои од играчите побегнаа од теренот и побараа спас во соблекувалните, други веднаш легнаа на теренот и не мрдаа, а публиката ги напушташе трибините. Пчелите прво се задржаа на теренот, а потоа се преселија на трибините и го напуштија стадионот, по што мечот беше продолжен.

Прекинот траеше осум минути. По натпреаврот некои од играчите се пожалија на повеќе убоди, но за нивна среќа без посериозни последици.

Треба да знаете
Последни објави