Додека судијата Огнен Ставрев чека во судницата да се појави поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, неговиот адвокат објави фотографии на кои се гледаат модринките добиени во ноќешниот напад. Фотографиите ги објави телевизија АЛФА.
Како што веќе информиравме, поради инцидентот утрово не почна судскиот процес „ТНТ” за одмаздничкото уривање на „Космос” на Фијат Цаноски, во кој третообвинетиот е Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба.Трајковски денеска не дојде на закажаното рочиште, а според неговиот адвокат, тој се наоѓал во болница. Судијата Огнен Ставрев го контактирал докторот, кој му рекол дека е во добра општа состојба и е на пат кон дома. Судијата рече дека доколку Трајковски не дојде за еден час ќе биде стражарно приведен.
Трајковски синоќа околу 23.35 часот пријавил во МВР дека во Скопје на пешачка патека во близина на болница, по претходна вербална расправија со две лица, бил физички нападнат од нив.
Фото: ТВ АЛФА