Австралиските пожарникари волонтери добиле платено отсуство

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска најави дека пожарникарите доброволци од федералниот јавен сектор добиле платено отсуство заради тоа што со денови се борат со гаснењето на огнената стихија што зафати поголем дел од земјата.

Морисон кажа дека тие ќе добијат по уште 20 платени денови отсуство покрај правото на годишен одмор и боледување, јавија американските медиуми.

Во Австралија во изминатите пет месеци изгореа пет милиони хектари шума и нискожбунести растенија, а девет лица погинаа, додека повеќе од 950 куќи се уништени.

Властите предупредуваат дека пожарите во Нов Јужен Велс може да потрајат со месеци, што, како што стравуваат, може да ги исцрпи пожарникарите.

-Денешната изјава треба на нашите волонтери пожарникари да им овозможи да можат да се фокусираат на работата, рече Морисон.

Австралсикиот премиер беше цел на критики заради тоа што замина на одмор на Хаваите  во текот на најголемата криза со пожарите.

Треба да знаете
Последни објави