Во индискиот град Дургапур во државата Западен Бенгал авион се заглави под мост. Возачот на камионот, на кој се пренесувал авионот, кој бил вон употреба, од индиската пошта, а се носел на отпад, очигледно не ја проценил добро големината на леталото.
https://twitter.com/TOIKolkata/status/1209329819357368321
„Боинг 737“ се распаѓал на аеродромот во Колката неколку години откако бил приземјен. Но, планот за негово преместување и носење на отпад, не поминал како што било замислено.
Додека поминувал под мостот во Дургапур, возачот на камионот мислел дека од прва ќе помине, но негде на половина пат авионот се заглавил, па биле потребни стручни екипи да дојдат и да исечат дел од трупот.