Во Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин Поток утре ќе се поделат 70 новогодишни пакети со топла облека

Во пресрет на  новогодишните празници, на 25 декември (среда) со почеток во 11 часот во Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин Поток, ќе се поделат 70 новогодишни пакети со топла облека што претставува подготовка за студениот период за оваа ранлива категорија граѓани.

Работењето на пунктот за бездомници е поддржано од страна на Град Скопје  и веќе 11 години нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом, а има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Секоја среда и петок бездомните лица добиваат хигиенски услуги (бањање, шишање, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење на документи и поддршка на обезбедување на услуги од системот на социјална заштита).  Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвара и привременото преноќувалиште.

Треба да знаете
Последни објави