Градоначалникот Филип Темелковски делеше новогодишни пакетчиња

Во пресрет на големиот христијански празник католички Божиќ, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ го посетија католичкиот манастир на Сестрите мисионерки на љубовта. При оваа посета, Темелковски и Шимиќ, децата кои живеат во манастирот во Кисела Вода ги израдуваа со новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Темелковски на сестрите кои неуморно се грижат за децата, ги чуваат и едуцираат им се заблагодари за хуманата мисија.

Манастирот околу 30 години служи како дом за згрижување на деца, самохрани мајки, бездомни, болни и изнемоштени лица. Во истиот секојдневно оброк добиваат и повеќе од 70 сиромашни луѓе.

По повод претстојните новогодишни празници, градоначалникот Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот, Дарио Шимиќ го посети и Дневниот центар за деца во Кисела Вода. Темелковски на децата кои во центарот секој работен ден се едуцираат и се подготвуваат за во училиште им подели новогодишни пакетичња. На крајот од средбата, дечињата на градоначалникот и на претседателот на Советот им подарија новогодишни цртежи. Дневниот центар во Кисела Вода го посетуваат 20 дечиња.

Треба да знаете
Последни објави