Хрватскиот фудбалски интеранционалец Марио Манџукиќ кој е член на италјанскиот првак Јувентус изминативе неколку дена во Катар ги договараше деталите од договорот со Ал Духаил, а денеска ставил потпис на истиот. Со ова завршија сите шпекулации дека договорот пропаднал во последен час.
Новиот тренер на „старата дама“ Маурисио Сари со доаѓањето во Торино му стави до знањењ на искусниот напаѓач дека нема да смета на неговите услуги. Манџукиќ беше принуден да си побара нова средина, па се одлучи за поинаков предизвик, иако имаше примамливи понуди од екипи во Европа, меѓу кои беше и англискиот Манчестер јунајтед.