МВР објави видео од заплената на кокаинот за кој беа уапсени Будисављевиќ и Стојановска

Актерката Силвија Стојановска која пред неколку дена беше приведена и е во куќен притвор била дел од криминална група која заедно со нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ и неговиот брат, учевствувале во пренос на дрога од Колумбија. Дрогата била пронајдена во Мадрид.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани.

https://www.facebook.com/mvr.gov.mk/videos/1493312194168451/?t=0

 

Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.

 

 

Треба да знаете
Последни објави