Јанакиески не сака раздвојување на ТНТ: Ако целта е да се скине само мојата глава, повелете

Поранешниот министер за трансорт и врски, Миле Јанакиески побара да не се раздвојува постапката во ТНТ и да продолжи судењето за него, Никола Груевски и Елизабета Најдовска. Тој смета дека на тој начин нема да се дознае вистината, откако ОЈО побара да се раздвои постапката против Тони Трајковски, кој не дојде на судење оти е задржан во болниц по завчерашното претепување, објави Фокус.

-Јас мислам дека целта на ова судење е да се дознае вистината.Јас немам отсуствувано на ниту едно рочиште. Ако целта на Обвинителството е да се скине мојата глава, повелете. Но ако Трајковски се “извади” од ова, нема да се дознае вистината, рече Јакимовски

Додека во судница се одвиваше правна дебата за мандатот на поротничката, Јанакиески побара адвокатот на Трајковски, Јовица Страшевски  да му се јави на својот клиент за да даде цврсто уверување дека ќе дојде на рочиштето.

– Тони Трајковски е оската на сите случувања. Јас имав многу прашања за него, рече Јанакиески.

Се очекува одлуката на судечкиот совет во која  насока ќе тече судењето.

Треба да знаете
Последни објави