Владата денеска донесе Одлука за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.
Притоа, како што информира владината прес-служба, ги задолжи Кабинетот на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот задолжен за координација на економските ресори, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Регулаторна комисија за енергетика и АД НЕР Скопје во рок од три дена до Министерството за економија да достават номинации за член и заменик член во Комисијата за спроведување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата.