Една од најпознатите двојки, Викторија (45) и Дејвид Бекам (44), ги крштеваа своите деца, синот Круз (14) и ќерката Харпер (8), а кумови им беа актерката Ева Лонгорија и режисерот Гај Ричи.
„Денес многу се гордеам затоа што Харпер и Круз се крштеваа пред нашите пријатели и семејството. Не можам да бидам погорда на своите деца, благодарна сум му на моето семејство и на моите прекрасни кумови. Ве сакаме Ева, Кен, Марк и Дејвид“, напиша Викторија на социјалните мрежи со фотографија од крштевката.
На фотографијата со Бекам е и пејачот Марк Ентони (51), како и двајцата постари синови, Ромео и Бруклин, кои веќе се крштевани, а кум им бил нивниот голем пријател, музичарот Елтон Џон.
„Голема чест е да се биде најдобрата кума на светот. Те сакам, Харпер“, напиша Ева Лонгорија на истата фотографија на својот инстаграм-профил.