Бентанкур суспендиран три натпревари

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Родриго Бентанкур, доби три натпревари казна по натпреварот за италијанскиот Суперкуп против Лацио (1:3). Тој доби еден натпревар суспензија поради добиените два жолти картони, а две средби ќе пропушти затоа што го навредуваше резервниот судија кога го напушташе теренот.

Така, Бентанкур ќе ги пропушти дуелите со Каљари, Рома и Парма.

Исто така, казна од пет илјади долари добија и директорите на Јувентус, Павел Недвед и Фабио Паратичи, поради непочитување на кон официјалните лица на натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави