Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро (64) е пуштен од болницата каде што ја мина ноќта на набљудување, откако падна во неговата куќа во Бразилија, соопшти неговиот кабинет.
Главата на Болсонаро беше скенирана и не се откриени аномалии, објави „Ројтерс“.
Медиумите претходно објавија дека тој се лизнал во кадата, паднал и ја удрил главата.