Македонскиот ракометен национален тим денеска замина за Стара Пазова во Србија каде утре и задутре од 19 часот треба да одигра две пријателски средби со селекцијата на Кувајт.
Потоа, избраниците на селекторот Данило Брестовац заминуваат на турнирот „Трофеј Карпати” во Романија, каде в сабота и недела ќе имаат контрола против Алжир и Холандија или Романија. Овие тестови ќе бидат клучни за голем дел од ракоментарите да се наметнат и да си обезбедат место во тимот за ЕП во Виена.
Брестовац во Србија и Романија не ги зеде најискусните чие место во тимот е загарантирано, па младите треба да покажат што знаат.