Шеесет и тригодишен жител на тетовска Брвеница им подлегнал на повредите во тетовската болница по сообраќајна несреќа која се случила на локалниот пат Брвеница-Волковија. Сообраќајната несреќа се случила околу 17 часот и 35 минути.
-Во сообраќајната несреќа учествувале автобус на претријатие за превоз на патници од Тетово управувано од 50 годишниот М.Ш од Теново и 63 годишниот Б.Б кој се движел на велосипед. При несреќата велосипедистот здобил тешки телесни повреди, поради кои половина час подоцна починал во тетовската клиничка болница, информираат од Секторот за внатрешни работи во Тетово.
Увид на местото на сообраќајната несреќа извршиле екипи на обвинителството и полицијата. Отворена е истрага со цел да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.