Во пристаништето во Одеса вплови американскиот ракетен разоруваач „Рос“, пренесуваат украинските медиуми. Ова е 13. пат годинава воени бродови на НАТО да впловуваат во Црното Море.
„Рос“ е стара верзија на бродовите од типот „Арли Берк“. Направен е на бродоградилиштето „Инглс шипбилдинг“ во 1996 година и предаден ѝ е на морската база „Норфолк“.
Минатата недела беше соопштено дека „Рос“ престојува во романското пристаниште „Констанца“. Должината на разорувачот изнесува 154 метри, ширината 20 метри, а депласманот му е 8.775 тони. Бродот е вооружен со различни видови вооружување, вклучувајќи ги противбродските ракети „Гарпун“, а поседува и 90 лансирни рампи и, меѓу другото, „томахавк“.