Во Русија продолжен притворот за Велан

Судот во Москва му го продолжи до 29 март притворот на поранешниот американски маринец Пол Велан осомничен за шпионажа.

Велан, кој има државјанство на САД, на Велика Британија, на Канада и на Ирска, уапсен е минатата година и е обвинет за шпионажа.

Москва тврди дека Велан кога бил приведен кај него е пронајден флеш диск со доверливи информации.

Поранешниот маринец тврди дека не е виновен и оти е наместен.

Треба да знаете
Последни објави