Како шеф на делегацијата на Парламентарното Собрание на НАТО, Илија Димовски е заведен под името Северна Македонија. На неговата пристапница јасно стои дека тој е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Република Северна Македонија, но според досегашните информации тој не вложил протест ниту пак коментирал дека му пречи додека седи во НАТО фотелјата за што зема и
дневници, пишува „А1он“.
Но, Илија Димовски кога ќе се врати во македонскиот парламент, постојано од говорницата повторува дека не го прифаќа новото име и државата ја именува како Македонија. Во неговите говори едно од главните обвинувања е дека власта го сменила името, иако знаела дека државата нема да добие датум за преговори со ЕУ.
Димовски вели дека на оваа позиција дошол пред да се смени името и тврди дека не го употребувал новото име Северна Македонија во неговите настапи и на средбите со делегациите.
На прашањето зошто Димовски не го непуштил членството откако државата го сменила името, тој вели:
„Не сакам да прифатам дека ако си про Нато си за Преспа и обратно, ако не си за Преспа, не си ниту за НАТО. Ние сме за Нато и пред и после Преспа, иако сметаме дека тој е штетен договор за државата“, додава Димовски.