Наредена евакуација на филипинскиот остров Самар поради тропска бура

Филипинските власти ден пред католички Божик наредија евакуација на населението во централниот дел од земјата поради силна тропска бура.

Метеоролошката служба на Филипини соопшти дека очекува циклонот да го погоди островот Самар денеска во периодот од 16 до 18 часот по локално време.

Најзагрозено подрачје е околината на градот Боронгон, во источниот дел на островот Самар.

Се евакуираат жителите од крајбрежните подрачја и области подложни на лизгање на земјиштето.

Треба да знаете
Последни објави