ОСДХ: Осум цивили загинаа во руски воздушни напади во Сирија

Најмалку осум цивили загинаа денеска во руските воздушни напади на северозападот на Сирија, тврди невладината Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Меѓу убиените има пет деца.

Според податоците на оваа проопозициска невладина организација, цел на нападите било селото Џобас, на југот на провинцијата Идлиб. Цивилите биле засоленети во локалното училиште.

Треба да знаете
Последни објави