Путин: Роботите и беспилотните летала ја зајакнуваат руската армија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека употребата на роботи и беспилотни летала ги зголемuva можностите на руската војска неколку пати.

„Роботизираните системи и беспилотните летала активно се воведуваат и користат во процесот на борбена обука, што неколку пати ги зајакнува капацитетите на воените единици“, рече тој на состанокот на колегиумот на руското Министерство за одбрана, јави ТАСС.

Путин рече дека сите служби добиваат оружје и друг воен хардвер заснован на ИТ-технологија и вештачка интелигенција.

Тој додаде дека трупите користеле нова опрема и дека на вежбите редовно усовршуваат нови вештини, како и дека Русија работи на развивање копнена и морска верзија на хиперсоничната ракета „Циркон“.

Треба да знаете
Последни објави