Ријана јадела чуроси и хот-дог на панаѓур во Лондон, никој не ја препознал

Пејачката Ријана (31), која веќе една година живее во Лондон, го посетила панаѓурот „Зимско чудо“, но никој не ја препознал бидејќи лицето го покрила со шал и капа.

Ријана уживала на панаѓурот во Лондон, но никој од присутните, па дури ни нејзините фанови не ја забележале.

Таа јадела чуроси (вид шпански крофни) и хот-дог на еден штанд, а нејзината асистентка Тина на својот инстаграм-профил ги известила следбениците дека ја изгубила пејачката.

„Ја изгубив меѓу тезгите. Ја најдов на штанд со чуроси“, напишала Тина.

Ријана не била забележана во толпата, но нејзината асистентка откри дека таа го посетила панаѓурот.

Треба да знаете
Последни објави