Претежно облачно време со локален дожд ќе преовладува денеска во државата. На планините ќе паѓа снег, а долж Повардарието ќе дува засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје слично време со повремен дожд претпладне и повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Во текот на ноќта во поголемиот дел од државата беше облачно, а во северните и североисточните делови врнеше дожд. Во Маврово и Лазарополе врнеше снег.