Најмалку седум лица загинаа, а две куќи се урнаа во свлечиште во градот Ресифе во североисточен Бразил, соопштија локалните пожарникари.
Според бразилските медиуми, меѓу жртвите имало и млада двојка и нивниот двомесечен син, како и баба и деветгодишно девојче.
Пожарникарите спасиле три лица од под урнатините.
Причината за свлечиштето во главниот град на бразилската држава Пернамбуко сè уште не е утврдена.