Смилевски и Макрадули ги презентираа двата проекта кои се дел од програмата за намалување на аерозагадувањето во Бутел

Денеска Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање- Јани Макрадули ги презентираа двата проекта кои се дел од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 во општина Бутел.
Општина Бутел аплицираше на јавен повик од Владата на РСМ по оваа програма и за истиот се одобрени средства во износ од 1.154.094 денари. Набавена е опрема односно во фаза на  извршување е промена на внатрешни и надворешни прозорци и врати во градинките Бутел1 и Бутел 2.Детската градинка 11Октомври-Бутел1 ја користат 229 деца и 17 вработени кои се директни корисници на оваа мерка за аерозагадување. Детската градинка 11Октомври-Бутел2 ја користат 140 деца и 13 вработени кои се директни корисници на програмата за аерозагадување -енергетска ефикасност. По однос за зелени површини, во овој јавен повик Општина Бутел аплицираше и Владата на РСМ одобри износ од 1.433.844 денари за уредување на урбани зелени површини.
Со овој проект во ООУ ,,Живко Брајковски”  уредена е дворната површина со засадување на плодородни дрва и дрва со брзорастечки карактеристики како и зелен ѕид за да се  создаде   поголема зелена маса. Вкупната зелена површина во училиштето изнесува 5324м2, и бидејќи е лоцирано во урбана средина со голем број на живеалишта и голем недостаток на зелени површини хортикултурното уредување на зелена површина ќе ги поттикне учениците и жителите од населбта за поголема грижа и заштита на зеленилото.
Ова ООУ го посетуваат околу 800 ученици кои се дирекни корисници на мерката зелени површини,а додека дворната површина и местото за рекреација и спорт го користат останатите жители на населбата поради недостаток на урбани зелени паркови во околината.
Со овие мерки кои ги превземаме а во иднина и гасификацијата на одредени објекти,  ќе постигнеме да се намали  аерозагадувањето, изјави Градоначалникот Велимир Смилевски
Треба да знаете
Последни објави