Таткото на Дејвид, Тед Бекам (71) се налутил затоа што неговиот син Дејвид (44) и снаата Викторија (45) не ја поканиле неговата пасторка Шарлота (27) на крштевката на нивните деца.
Викторија и Дејвид Бекам ги крштеваа ќерката Харпер (8) и најмалиот син Круз (14), но на церемонијата се случил неочекуван скандал. Кумови на децата беа актерката Ева Лонгорија (44), пејачот Марк Ентони (51), фризерот Кен Пејвс и спортскиот агент Дејвид Гарднер (53), а Викторија со фотографија од крштевката рече дека не може да биде повеќе горда на своите деца и благодарна на нејзиното семејство и кумови.
Иако сè изгледало совршено, атмосферата ја нарушил скандалот што го направил таткото на Дејвид Бекам, Тед Бекам.
Тој бил навреден што Викторија и Дејвид не ја поканиле Шарлота, ќерка на неговата партнерка милионерката Хилари Меридет, на гламурозната забава што ја организирале. Хилари и Тед биле поканети, но, наводно, немало место за нејзината ќерка.
Тед се обидел да ги убеди Викторија и Дејвид да ја повикаат, но тие сепак одлучиле дека нема место за неа.
Тед претходно бил оженет со мајката на Дејвид, Сандра Бекам (70),со која се оженил есента 1969 година и има три деца. Двојката се развела во 2002 година, по 33 години брак