Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го коментираше предупредувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за „божиќен подарок”, истакнувајќи дека САД успешно ќе се справат со тоа и оти тоа може да биде и „убав подарок”.
– Можеби е убав подарок. Можеби ќе подари преубава вазна, изјави Трамп пред новинарите во одморалиштето Мар-а-Лаго.
Тој додаде дека САД ќе дознаат што е изненадување и успешно ќе го решат.
– Ќе видиме што ќе се случи, рече Трамп.
На почетокот на декември, властите на Северна Кореја предупредија на можен „божиќен подарок”, наведувајќи дека на администрацијата на Трамп и истекува времето за спасување на нуклеарните разговори и оти Вашингтон треба да избере каков „божиќен подарок” сака да го добие од Пјонгјанг.