Хилари Даф ужива во брачното блаженство додека е на одмор со семејството.
Таа моментално е на одмор во Лос Анџелес со новиот сопруг Метју Кома и ќерката Бенкс.
Актерката неодамна се венча со партнерот Метју Кома во интимна церемонија во двор. Тие беа во врска три години пред да решат да стапат во брак.
Таа во понеделникот беше забележана во зимски шик изглед на прошетка со Метју и ќеркичката Бенкс.
32-годишната актерка на себе имаше сив џемпер со ролка и голи рамења, црни очила за сонце и златни обетки ва форма на алка. Тие носеа ладни кафиња, а малата Бенкс беше во слободната рака на Метју.
Хилари и Метју разменија завети во саботата во нивниот дом во Лос Анџелес. На малата свадбена церемонија присуствуваа членови на семејството и блиски пријатели.