Слонови облечени како Дедо Мраз им донеле подароци и слатки на учениците во Тајланд, како дел од годишната божикна традиција во таа претежно будистичка земја.
Божикната прослава во училиштето „Џирасартвитаи“ во Ајутаја, северно од Бангкок, е традиционална веќе 15 години.
Оваа година четири слона и нивните чувари, кои исто така носеа капи на Дедо Мраз, го посетија училиштето и им поделија подароци на учениците, изјави сопственикот на кампот на слонови.
Слоновите танцувале и им покажувале трикови на учениците.
Слонот е национално животно во Тајланд и се појавува низ историјата и литературата.
Тајланд е 98 отсто будистичка земја, но го слави Божик во рамки на празниците на крајот од годината.