(Видео) Кучиња случајно пронашле момче заробено две години во орман на педофил

Германската полиција го пронашла момчето Марвин К. (15), чие исчезнување било пријавено пред две години, во орманот на маж осомничен за дистрибуција на детска порнографија.

Тој бил пронајден во стан во Реклингхаузен, околу 100 километри северно од Келн, додека полицијата го претресувала станот во потрага по фотографии и други докази за злоупотреба на деца.

Тој бил пронајден од кучиња и веднаш бил одведен во болница, каде што била утврдена неговата психичка состојба.

Сопственикот на станот, Лар Х. (44), бил приведен во притвор под сомнение дека сторил сериозни сексуални злосторства. Таму живеел и 77-годишен човек, кој бил испрашан и потоа ослободен.

Соседите велат дека никогаш не го виделе тинејџерот, но повремено ги слушале вресоците на човекот.

Иако полицијата соопштила дека нема докази дека Марвин го држеле против негова волја, јасно е дека тој веќе подолго време бил во станот.

Сè уште не се познати сите околности на неговото исчезнување, но во тоа време, во 2017 година, тој живеел во прифатилиште заради семејна криза.

Во текот на летото во истата година, 13-годишникот исчезнал без трага, воопшто не се збогувал со хранителите. Социјалните работници го пријавиле неговото исчезнување, но сè до тогаш за него се немало слушнато.

Неговата мајка Мануела рекла дека одвај го препознала и дека изгледал како скршен старец. Тој сè уште бил во облеката во која исчезнал, тврди таа.

Германските медиуми јавуваат дека тој ѝ рекол на својата мајка дека две и пол години бил затворен и дека тие не му дозволиле да излезе.

Треба да знаете
Последни објави