Искршено новото игралиште на посебното училиште „Златан Сремец“

Уште пред да биде отворено, искршено е новото инклузивно игралиште во дворот на посебното основно училиште за деца со пречки во психофизичкиот развој „Д-р Златан Сремец”.

Откорнати се повеќе даски, а целосно е расклатен мостот кој учениците треба да го користат за физичка активност и развивање рамнотежа.

Отворањето на инклузивното игралиштето беше закажано за утре. Од училиштето се надеваат дека ќе успеат да ги поправат реквизите и да го одржат утрешниот настан.

Треба да знаете
Последни објави