Дуелот против сараевски Спарс, кој е закажан за утре од 18 часот во „Јане Сандански”, е последен за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во 2019 година, и желбата на „штрковите” е годината да се заврши победнички.
Спарс е последен на табелата во втората АБА лига, МЗТ е втор, и со тоа и голем фаворит, но тренерот Ѓорѓи Кочов преупредува дека нема да биде лесно да се дојде до победата.
„Спарс е физички одлично подготвен тим кој многу трча. Нивниот пласман на табелата не е реален во однос на составот кој го имаат. Освен еден меч кој го загубија убедливо, сите останатите порази им беа во тесни мечеви кои се одлучуваа во еден напад. Не смее да има опуштање, треба да бидеме подготвени за тежок и исцрпувачки меч, вели Кочов.