Пустош во енергетиката се случуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, додека Христијан Мицкоски беше советник за енергетика на Никола Груевски и директор на АД ЕСМ (ЕЛЕМ) се вели во соопштенито на СДСМ како реакција на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.
Да знаеа ВМРО-ДПМНЕ и како се работи во енергетиката, немаше државата со години да биде зависна од скап увоз на струја, немаше да се укине евтината дневна тарифа на струјата, немаше цената на електричната енергија да поскапи за 100 отсто, а енергетската мрежа немаше да се соочува со чести испади што беше редовна пракса за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Научени на расипништво и криминал, денес ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што домаќинските политиките на СДСМ во енергетиката даваат реални и видливи резултати.
Денес дури 91,6 отсто од потрошената електрична енергија е произведена од домашни извори.
Во првите девет месеци од годинава увозот на електрична енергија е намален за 3,6 отсто, додека, извозот на електрична енергија бележи раст од 60,6 отсто во споредба со истиот период лани.
ЕСМ досега за 2 години продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра.
Ова се само дел од фактите кои ја покжуваат успешноста на политиките на СДСМ во енергетиката, а кои беа незамисливи во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Политиките на ВМРО-ДПМНЕ во енергетиката, како и во сите други полиња е расипничка, деструктивна, базирана исклучиво на лажни вести и дезинформации. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе загубат на изборите на 12 април.